речник контакт

Повторно висок број оздравени пациенти од ковид-19 во велешко, 114

Вкупно хоспитализирани во трите ковид одделенија од велешка Болница се 73 пациенти, шест повеќе од вчера

Петар Печков

Изминатите 24 часа во велешко има регистрирано повторно висок број на оздравени пациенти позитивни со ковид-19. Бројката е 114 додека нови случаи се 58. Тоа се податоците кои ги објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи се симна на   317.

Вкупно хоспитализирани во трите  ковид одделенија од велешка Болница  се 73 пациенти, шест повеќе од вчера, на Инфективно 55,  на Интерно 13  и Физикално петмина.  Потврдено позитивни се 46, непотврден  се деветмина и  негативни, но со потреба од болничка нега се 18. Има починато и еден пациент, жена  од Свети Николе на 63 годишна возраст.

„Ново примени се петмина пациенти, тројца од нив се трансферирани од Интерно  а испишан е еден со еден негативен тест. На кислородна поддршка се 24 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.

Згрижени во трите одделенија, освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и Овчеполието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »