речник контакт

Повторно во функција поштенските сандачиња

Има ли само кој да ги користи?

Петар Печков

Од средината на минатиот месец повторно во функција се поштенските сандачиња. Четирите кои останаа во Велес, неодамна беа префарбани со заштитната жолта боја на Македонски Пошти и тие повторно ги примаат поштенските пратки, писмата.

Раководството одлучи да ги приближи дел од услугите и ги врати во употреба заборавените и напуштени поштенски сандачиња. Тие се празнат еднаш на ден, шест дена во седмицата. Очекуваме дека ова новина нашите корисници ќе ја прифатат – велат од ЈП Македонски Пошти.

Во Велес петнаесетина години, овие поштенски сандачиња беа оставени на времето, повеќе `рѓосани и оштетени. Но сега се подновени и употребливи.

Добро е што ги ставија пак во функција. Наместо да одиме до Пошта за да испратиме писмо, вака тука ни е поблиску. Но ќе треба да ги информираат граѓаните за оваа новост. Треба  да бидат достапни  и поштенските марки. Сега секаде има пликови но марки нема, освен во Пошта. Тоа ќе треба да се реши. Ова е време на електронска пошта, но има старомодни семејства, на кои  им требат старински начин на пишување, со писма рачно напишани   – вели велешанец. 

Од велешката Пошта најавија дека ќе го зголемат бројот на поштенски сандачиња и на уше некоја локација во градот.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »