речник контакт

Повторно запленети три возила со нелегално пресечени дрвја

И овој пат акцијата била кај Степанци, а групата дрвокрадци побегнала

Петар Печков

Нова акција на шумската полиција, подрачна единица од Велес, заеднички со СВР Велес и повторно откриена нова група дрвокрадци.  На истиот терен како и претходно, на планината Мукос, запленети се три автомобили ,,лада нива,,, додека сторителите побегнале.

Во теткот на вчерашниот ден, на стариот пат Велес - прилеп, кај селото Степанци откриена е група на дрвокрадци, кои веќе ги пресекле дрвјата и беа подготвени за заминат. Но при нашето доаѓање групата која е добро организирана, побегна  и ги оставиле нерегистрираните возила, кои беа полни со буково, дабово и дрво и габер - изјавија од Шумската полиција ПЕ Велес. 

Тие најавуваат дека ќе продолжат со нивните акции. Изминатите десетина дена во две акции тие запленија 12 автомобили полни со нелегално пресечено дрво а едно лице беше фатено на дело во нелегалната сеча.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »