речник контакт

Повторно пешак удрен на пешачки

автомобил форд мондео управуван од В.А.(76) од населба Отовица, удрил во пешакот Д.С.(44) од населба Превалец

Петар Печков

Велешката полиција информира за сообраќајна незгода која се случи  вчера, четврток претпладне. Во неа  пешак е удрен од автомобил,  иако минувал на пешачки.   

На 28.02.2019 околу 10.00 часот на пешачки премин од крстосницата нa улиците „Благој Ѓорев“ и „Борис Трајковски“ во Велес патничко возило „Форд мондео“ со велешки регистарски ознаки, управувано од В.А.(76) од населба Отовица, Велес, удрило во пешакот  Д.С.(44) од населба Превалец. Притоа, пешакот се здобил со повреди и бил пренесен во болницата во Велес- информираше Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес. Полицијата  извршила  увид на местото на настанот.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »