речник контакт

Повторно се празни велешкото езеро Младост

Повторно се празни велешкото езеро Младост, за десетина дена нивото во висина е намалено за 60-тина сантиметри, што е многу повеќе отколку тоа пролетта.

Петар Печков

Повторно се празни велешкото езеро Младост, за десетина дена нивото во висина е намалено за 60-тина сантиметри, што е многу повеќе отколку тоа пролетта. Први оваа појава ја забележале рибочуварите на ЗСР Бабуна од Велес кои пријавиле до Подрачната единица на Државниот инспекторат за земјоделие и водостопанство. Изчезнатата вода за овој период според пресемтките на стручњаците изнесува околу 500 илјади кубни метри вода. Дилемата каде оди водата и натаму останува. Како можни причини се споменуваат три фактори, испарувањето поради високите температури, наводнувањето на околните лозја или колекторскиот систем кој ги прибира отпадните води од околните села. Проблемот се актуелизираше на локално ниво на Седница на Советот на општината, поради што надлежните од Општина Велес неколку дена работат  на откривање на причините.

- Наша задача е да утврдиме дали некаде во  Колекторскиот систем навлегува вода која се губи од езерото. По проверката на сите шахти но и одводните канали и цевки, констатиравме дека тој не е причина. Никаде во целата негова должина не се појавува доток на вода од друг извор, освен од одводната канализација. Колку е дотокот на вода кај Отовица, толку е и кај испустот кај село Новачани – вели Костадин Настев, раководител на одделението за изградба и одржување на комунални објекти во општина Велес.Тие заедно со стручњаците од ЈКП Дервен три дена го обиколувале езерото за да видат дали некаде водата се губи, но до таква информација со голо око не дошле. Напротив во езерото Младост преку единстената негова притока, Отовичка река влегува трипати повеќе вода отколку што истекува кај Браната, што уште повеќе ја зголемува неизвесноста каде се губи водата. Рибочуварите на ЗСР Бабуна категорично отфрлаат дека од водата на езаерото се наводнуваат околните огромни површини со лозја.  Локалните власти при пролетното изчезнување на водата одбележале ниво до кое езерото дошло, потоа тоа пораснало за 20 см за деновие да се симне за 80 цм од највисоката годинашна кота. Тогаш надлежните од Министерството за земјоделие, кое како вештачка акумулација управува со водената површина одговорија дека примарна цел на езерото е да служи за наводнување на околните површини додека како последна осма е за спорт и рекреација. Тие тогаш и покрај барањата на велешката јавност, не открија дали, на кого и под кои услови е дадена водата од езерото на користење.
 
Странските туристи речиси и да нема на Младост, иако езерото има одлична транзитна локација. Најголемиот проблем е лошиот пристапен пат од автопатот Скопје-Велес и немањето на никаков приклучок до езерото од автопатот Велес-Скопје. Од Општината посочуваат дека проблем се очекува да се надмине со изградбата на објектот на \"Прокредит банка\", каде ќе биде сместена академијата за обука на Банката за Југоисточна Европа, па ќе се бара и сообраќајно решение на автопатот Велес-Скопје.

Водите на велешкото  езеро покрај тоа што се користат рекреативно, со нив се наводнуваат  над 800-тините хектари лозови и овошни насади.

\"\"

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »