речник контакт

Повторно сообраќаат возовите од и кон Битола, по десет дена пауза поради замена на дрвените прагови изгорени во пожар

На неколку локации од пругата Богомила - Битола, во пожар беа оштетени околу илјада дрвени прагови

Петар Печков

Од вчера, четврток  воспоставен  е железничкиот сообраќај од и кон Битола.   Откако во пожарите во периодот од 17 до 24 септември, на неколку локации од  пругата Богомила - Битола , во пожар беа оштетени околу илјада дрвени прагови, поради обемноста на штетите  од  пожарите железничкиот сообраќај од 25 септември на релација Велес - Битола беше во прекин.

Железничкиот сообраќај на пругата Велес –Битола- Жабени е нормализиран и  на местата каде нема бавни возења, возовите возат  со брзина предвидена по книшката од возен ред, а на местата на кои се уште се работи, се вози со намалена брзина се со цел да се задржи безбедноста во железничкиот сообраќај.

„Обемот на штетата беше многу голем, околу илјада прагови, кои на повеќе места беа изгорени, практично стоеја на толчаникот. Ова го спречи движењето и на  нашите шински возила, така што  не можеа да поминат и да однесат прагови на другите места, што ја отежнуваше работата.  Со голем напор се работеше прво на најлошите места и на 2 октомври се оспособи пругата  за брзина од  20  км/ч.  од станица Гостиражни  до станица Браилово, со што се овозможи железнички сообраќај помеѓу станиците  Велес и Прилеп. На 4 октомври  се оспособи делот  на пруга станица Тројкрсти - станица  Лознани  со брзина од 50 км/ч  и помеѓу станица  Лознани -станица  Вашареица  со брзина од 30  км/ч . Со тоа се овозможи и дозволи пуштање на сообраќај на делот Прилеп- Битола“ - соопштија од ЈП МЖ Инфраструктура.

Најавуваат дека секторот ЗОП Велес продолжува со санирањето на опожарените и изгорени прагови, се до целосно санирање на штетите од пожари.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »