речник контакт

Повторно сообраќајна на железничкиот премин во Превалец

Возачот со тешки повреди на лекување во веелшатка болница. Ова е трета голема несреќа на овој премин за пет месеци

Петар Печков

Утрово во 7,30 часот се случи сообраќајна несреќа кога патничкиот експресен воз Хераклеа  удрил во товарен камион марка ,,Ивеко,,.  Од ударот тешко е повреден возачот А.Ј. ( 59 год) од Пробиштип. Сведоците на настанот велат дека  глетката била стравотна.

Слушнавме само силен удар, нешто што досега ен се случило, тресок.  Откога излеговме од дома  видовме дека камион беше удрен од возот кој доаѓаше од Битола. Возачот беше во кабината. Ударот беше баш од негова страна и многу лоша глетка. Се собраа луѓето од тука додека дојде Брзата помош да ја отвораат вратата, да маваат за да го извадат од внатре. Тој беше приклештен. Ја нишаа кабината правеа се за да го спасат. Го извадија некако и го однесоа во Болница – велат соседите кои живеат до рампата. 

Тие потврдуваат дека работела светлосната сигнализација, но објаснуваат дека возот доаѓа за помалку до 20 секунди, не како што велат од Железница за 45.

Местото е многу лошо, нема видливост. Возот доаѓа бргу откако ќе се вклучи сигнализацијата и звучна и светлосна. Треба под итно да се постават рампи. Ова е трета сериозна сообраќајка откако се отстранија рампите. Еден човек загина, колку жртви треба да падната за железница да ги врати рампите. Колку пати се случувало сигнализацијата да не работи а возот да мине, тоа во време на врнежи.  – велат луто жителите на  Превалец. 

Преку овој премин минуваат илјадници патници секојдневно кон Чашка, Извор, Богомила, Долно и Гроно Јаболчиште, Горно Оризари. Сите тие сега стравуваат кога минуваат преку преминот, посебно за безбедноста на бројните ученици кои настава посетуваат во Велес.  И градоначалникот на Велес Славчо Чадиев ќе бара враќање на рампите, за да се заштитат патниците кои секојдневно минуваат преку овој премин.

Железничкиот премин е обезбеден, има светлосна и звучна сигнализација, има знак дека е премин. Возачот  не слушнал, ниту видел дека доаѓа возот,иако сигнализацијата работела, по што бил удрен од левата страна на композицијата. Имало  возила кои чекале, тој не ги почитувал знаците – изјавија од ЈП МЖ.

По реакциите на жителите на населбата од таму веќе  изминатиот период се извршени мерења за враќање на рампата, но за тоа да се случи ќе требат средства, пари. Од Велешката Општа Болница  портпаролот д-р Силвана Мишкова изјави дека тие примиле пациент А.Ј.  околу 7,45 часот кој е донесен со тешки повреди и бројни скршеници на левата нога и сериска скршеници на ребрата до левата страна. Неговата состојба се следи.   Поради несреќата, железничкиот сообраќај од и кон Битола два и  пол часа е во прекин а патниот се одвива со  потешкотии и долги колони.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »