речник контакт

Повторно тензично на судењето за случајот нарачано убиство во Ореше

Повторно закани, навреди, пцости во судницата а се тоа во случајот со убиството во селото Ореше

Петар Печков

Сведочењето на Соња Арсовска, внука на убиениот Лазо Милошевски и братучетка на обвинетите Љупчо и Ордан Ѓоргиевски, ја запали атмосферата во судницата во Основниот суд во Велес.  Тоа рече дека  Ѓоре Петровски, гастарбајтер од САД кој е обвинет дека е нарачател на убиството и телефонски и се јавил и испратил јасна порака кој е сторителот.

Ѓоре го побра сопругот, бидејќи јас со него не комуницирав, откако како девојка ме малтретирале, пцуеше, бидејќи тој сметал дека дедо ми Лазо стои зад пукањето врз него. Во разговорот кој не беше ни малку пријатен, ме  праша што мислам за убиството, дали тоа може да го сториле моите братучеди Љупчо и Ордан Ѓоргиевски, за поменот на заедничката баба, која ја имаме со него а како помина. Му одговорив да не ги меша братучедите. Потоа  директно ме праша дали братучед ми Ордан, кој беше присутен на овој чин, за цело време ме погледнал во очи, и ако тоа воопшто го стори во животот, да мусе јавам нему во Америка. Потоа детално му објасни како сум плачела и што сум правела на поменот – рече Арсовска.

На ова нејзино сведочење жестоко реагираше Петровски, кој отфрли дека се јавил и дека комуницирал со неа а потоа започна со клетви и пцости да се обраќа кон сведокот. На сведочењето реагираше и прозваниот Ордан Ѓоргиевски, кој рече дека таму не бил сам а на помен не се оди да се гледаат луѓето во очи. Тензично  беше и на соочувањето на двајцата сведоци, од кој едниот  Вељо Арсовски тврдеше дека Петровски му се јавил до САД да ги убие старецот Лазо Милошевски, но дека истото го побарал  и од  вториот сведок Ило Милошевски.

Ти сам ми рече дека Ѓоре од тебе побрал да му ги скршиш нозете на дедо Лазо, со автоматска пушка. И јас сам ти продадов таква пушка и куршуми – изјави Вељо Арсовски. На ова негово тврдење при соочувањето, сведокот Милошевски го негираше.

Имам три деца во нив се колнам дека не ми рекол такво нешто Ѓоре, ниту јас тебе така сум ти пренел. Ни од тебе не купив пушка туку од твојот брат – рече Илчо Милошевски. Тој претходно во сведочењето рече дека од Ѓоре од САД добил 500 долари, додека во истрагата тврдел дека добил само 100 долари. Многу непрецизности имаше и во сведочењето на членовите на црковниот одбор за тоа кога, кој и колку пари примиле од Петровски наменети за обнова на  манастирот Св. Ѓоргија во селото Ореше.

Убиството  на Лазо Милошевски се случи на 2-ри декември 2005-тата година во 20,45 во селото Ореше, додека старецот дома ја подготвувал вечерата. За ова обвинети се Ѓоре Петровски кој за 20 илјади долари го порачал убиството од браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Судењето продолжува со сослушување на заштитениот сведок ,,Бреза,, закажано за 29 декември во Скопје.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »