речник контакт

Повторно тешко повреден моторист

Н.П. (27 год) настрадал во сообраќајка со тико

Петар Печков

Секоја пролет иста слика, сообраќајки во која најчесто учесници се мотористите. Петокот навечер моторист тешко е повреден, во сообраќајка со  патнички автомобил. Тој е задржан на лекување во велешка Болница, поради специфичните повреди.

На 29-ти мај околу 20 часот на ул.„Васил Иљоски“ во Велес се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „даеву тико“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(46) од Велес и мотоцикл „квики“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Н.П.(27) од Велес - информираа од МВР. Прва помош на повредниот му дала екипа на Итната служба, кој потоа го префрлила во велешката Болница.

Кај повреденото лице констатирани се скршеници на лице и череп и е задржан на ортопедија. Тоа е надвор од животна опасност - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »