речник контакт

Повторно тројца велешки специјалисти на листата на најдобри за март

Награда како двојна плата ќе добијат д-р Зоксимовска, д-р Марковски и д-р Кодовски

Петар Печков

Министерството за здравство ја  објави на Листата на најдобро рангираните 100 доктори за месец март годинава,  Од Општата Болница Велес  има тројца доктори, како и минатиот месец, Деспина Зоксимовска дерматовенеролог, Петре Кодовски  хирург  и Кире Марковски  хирург  ортопед (ова му е втора награда по ред) .

Како награда тие добиваат паричен надомест во висина на нето плата со сите додатоци на плата за здравствен работник.  

Докторите специјалисти  се рангирани според учинокот за ,,Мој термин,, и се однесува на докторите од секундарното и терцијарното здравство, кои според Министерството се движечка сила во  своите  институции.  

На овој начин се валоризира работата на докторите ,,кои најмногу се залагале во здравствените институции,,.  Рангирањето е извршено според бројот на прегледи и бројот на операции, кои се евидентирани во Националниот систем на ,,Мој термин,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »