речник контакт

Повторно четворица починати пациенти во велешка Болница

Ново регистрирани се 62 случаи со ковид-19 во велешко

Петар Печков

Во двете ковид одделенија од велешка Болница, изминатите 24 часа  регистрирани се четири смртни случаи.
„Двајца од починати се од Свети Николе  жена на 53 години и маж на 79 кој починал непосредно по приемот. Починати се и две лица од Велес, двајцата се мажи на 69 и 74 години“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол ан Општа Болница Велес. Со ова бројот на починати во велешко од последиците на корона вирусот достигна до 296 лица.

Во текот на изминатите 24 часа  регистриран се   62  нови случаи на позитивни на ковид-19 од велешко, оздравени се девет  пациенти. Или бројот на активни случаи се искачи на 472.

Вкупно хоспитализирани во двете  ковид одделенија од велешка Болница  се 76 пациенти, на Инфективно 59 и на Интерно 17.  Потврдено позитивни се 60, непотврден  се 11  и четворица  се негативни, но со потреба од болничка нега. Ново примени се шест пациенти, а испишани се двајца со по еден негативен тест. Слободни кревети на Инфективно имало четири.

Згрижени во дветет одделенија, освен од Велес и велешко, има и од Свети Николе и Овчеполието.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »