речник контакт

Повторно штрајк во велешка Колска

Иако добија работа, плати нема

Петар Печков

По два месеци откако штрајкуваа поради неисплатени плати, вработените во велешка Колска повторно стапија во штрајк. И повторно истата причина, неисплатени  плати и придонеси. Иако за разлика од пред 60-тина дена, кога немаа работа, сега работат, ама пари  нема.

130-та вработени посочуваат дека два месеци, април и мај, заради испорака на нарачаните товарни вагони кон Македонски железници, работеле и в сабота, платите и натаму заостануваат. 

Чекаме половника од декември, плата за март и сите месеци наваму. Од ова што можеме да разбереме е дека цената за поправка на колите е ниска. Поправката на еден вагон е пет илјади евра.  Со тие пари треба да се купи репроматеријал, да се плати струја и да се обезбедат плати. Во пракса ова се покажа дека е неодржливо. Треба да  се знае дека кога претходно работевме вагони, поправката нивна чинеше седум илјади евра. Кога се преговарало за добивање на зделката,   било кажано земи или остави,  се однесува  на  цената на поправката. За секој вагон 2,5 илјади евра одат за репроматеријал. Преговаравме со Министерството за транспорт и врски околу статусот на фирмата, која има сто отсто државен капитал, а државата не се грижи за нас    – рече Слободан  Димитриевски, претседател на синдикалната организација во Колска.  

Затоа вработените  сметаат дека е потребно да  се направи Анекс договор со МЖ околу цената на поправката на вагоните.  Штрајкот  на вработените започнал во петокот и ќе трае се до исполнување на двете барања, исплата на плата за март и решавање на статусот  на фабриката.

 На почетокот од април Фабриката за шински возила Велес, потпиша договор со МЖ транспорт за поправка на 75 товарни вагони.  Досега биле обновени 28 коли.

Вработените тврдат дека за измиваните  осум години кај нив не бил донесен ниту еден патнички вагон на редовна контрола и се чудат како тие  сообраќаат по македонски  пруги и  прашуваат дали се безбедни.  

,,Колска,, во три наврати беше понудена на тендер за продажба, но никој не пројави интерес за нејзино купување. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »