речник контакт

Поголеми плати за просветените работници и не за нивното присуство во политиката

Има многу промени во образованието, некои во надолна линија други во нагорна, согласно со времето и технологијата

Петар Печков

На светскиот ден на учителот,  5-ти октомври, во Велес беа врачени  наградите за најдобрите просветни работници во Македонија.  Првиот човек  на Сојузот на просветните работници во Република  Македонија им ги врачи признанијата, но и побара наставникот да ја остави политиката надвор од образовниот процес.

Но и побара достојни плати за наставниците кои во Македонија  ги има околу 15 илјади, во 300 основни и 150 средни училишта.  Лозановски кој работел од 1964-та во просветата, вели дека има многу  промени во образованието, некои во надолна линија други во нагорна, согласно  со времето и технологијата.    

Просветните работници не се вреднувани согласно  колку труд вложуваат.  Наставникот е изложен на внимание на јавноста и секој  негов чекор. И затоа овие 20 илјади денари плата  кои ги зема , неговиот труд е  неисплатлив.  Додуша има  колеги кои само дневникот го шетаат, но има мерки со кои треба да се заштитат тие кои работат и вложуваат труд. Не го прифаќам ниту партиското присуство на просветните работници. Наставникот треба да биде изземен од политика, тоа го валка позивот на учител –  порача Раско Лозановски извршен секретар на Сојузот на просветните работници во Република  Македонија. Тоа  постои 23 години  и секоја година  за Светскиот ден на  учителот 5-ти октомври  доделува признанија.     Годинава  признанијата ги  добија  Лила Арсова – ОУ Васил Главинов Велес  за одделенска настава во основно образование,  од училиште со најголем  број на  ученици во  Македонија . Матилда Бајкова – ОУ Вера Цири Вири Трена Скопје  наставник  по македонски за предметна настава во основно образование. Гордијана Ѓоргова - професор по англиски  јазик  во гимназијата Јосип Броз  Тито од Скопје , за средно образование. Муареми Доко наставник по математика   и физика во ОУ Братство  и единство во Охрид, награда за просветен работник од заедниците.    Матилда Бајкова м-р која 15 години предава    македонски јазик  во  ОУ Вера Цири Вири Трена Скопје а работи и во други две училишта,  одговори читаат ли децата лектири. 

Децата се помалку сакат  да читаат лектири. Не затоа што на сакаат туку што технологијата е се понапредна, тоа го прават онлајн. Јас им објаснувам дека миризбата на книгите  е вистинското. И можам да се пофалам дека во тоа успевам  - рече Бајкова.  Награден преосветен работник од заедниците беше охриѓанецот Муареми Доко, кој со 34 години стаж спореди како децата учеле порано и денес. 

Споредба зборува дека денес  децата се повеќе логичари, имаат подобри услови за работа, но  помалку имаат навика  за  работа и почитта е изгубана.  Мораме да се вложуваме бидејќи ние како учители имаме обврска и за воспитно- образовниот процес,заедно со родителите. Да кажам дека учителот е се помалку вреднуван,  според трудот, ангажираноста, мисијата што ја имаме   – рече  Муареми Доко.

Наградите се доделуваат по распишан конкурс  а комисија согласно правилникот  на Сојузот и критериумите, ги вреднува пристигнатите барања и ги доделува наградите.    Наградата не е парична туку само диплома. Иако до Министерството за образование и наука Сојузот имал поднесено барање пред многу години да се одвојуваат средства за наградата, тоа не било прифатено.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »