речник контакт

Под притисок на јавноста Центарот за јавно здравје од Велес ја повлече одлуката да од денес не земаат брисеви и продолжуваат со работа

Во Центарот вонреден инспекциски надзор за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето

Петар Печков

Доцна синоќа, Центарот за јавно здравје од Велес, по реакциите на јавноста, соопшти дека од денес сепак ќе работи.  Од таму во неделата напладне  откако три вработени лица беа позитивни на ковид-19, информираа „Поради ново настанатата ситуација ве известуваме дека пунктот на Центарот за јавно здравје - Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот“.

Но оваа одлука доцна синоќа ја променија  откако имаше реакции дека во град со 51 активен заболен со ковид-19,  мора да се најде начин да се продолжи со земање на брисеви. 

Центарот за јавно здравје во Велес продолжува со нормална работа. Направена е ротација на кадри од другите одделенија, вклучително и лаборанти кои ќе ја покријат работата на пунктот за земање брисеви - пишува во информација  на Центарот, објавена на ФБ. 

Од таму  најавуваат дека денес  ќе бидат направени епидемиолошки анкети на вработените во ЦЈЗ Велес по што точно ќе се знае дали и колку од вработените ќе бидат во изолација. Дополнително, инспектори од Скопје и епдемиолози, ќе направат вонреден инспекциски надзор врз работата на велешкиот центар за јавно здравје за да се утврди дали се почитувани протоколите или има некакви неправилности во постапувањето.

(во прилог  како документ е соопштнието на Центарот за Јавно здравје Велес, каде информираат дека нема да работат од денес 21 април)  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »