речник контакт

Подвижен бутик по велешките улици

По велешките улици започна на тезги да се продава и долен веш. Дивите тезгаџии дури имаат и кукли на кои по улица ја рекалмираат својата роба. А пазарната инспекција само гледа.......

Петар Печков

По велешките улици подолго време, посебно пред зградата на Пошта, има диви тезгаџии кои продаваат текстил. На колички за земја, тие имаат поставено подвижни тезги и нудат, од долен веш, преку маички, преку чорапи до панталони ( што ли ќе биде ако некој сака да проба дел од нивниот асортиман, на пример долниот веш). 

Деновиве тие се модернизирани, дури имаат поставено и кукли на кои ги покажуваат најновите модели,, маде ин Шутка,, . И додека ваквата појава, законски е недозволена, што  се случи ако цел див пазар почне да ни продава среде град?? Но пазарна инспекција, која е надлежна, иако цел ден е во движење, ама во автомобил, никако да се справи со овие диви препродавачи. Не ги виделе или немаат желба?

Старо купујееееем...

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »