речник контакт

Подготвена џиновската пастрмајлија од 4 метри, од нејзина продажба се собраа 3,2 илјади денари (фото)

Собраните средства наменети за набавка на хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.

Петар Печков

На Велешката Питијада се подготви џиновска пастрмајлија, најголема досега. Со тоа  е срушен рекордот од пред пет години. Таа е подготвена  за три часа,од пекара „Ќоше“ во соработка со пекара „Гемиџии“.  За нејзина подготовка употребени биле 20 кг брашно, 210 јајца и 30 кг месо.  

„Последен пат ја подготвивме 2017 година, и годинава за разлика од тогаш  е подолга за 30 цм и е долга точно четири метри. Имаме доволно голема печка за да ја испечеме и можеме следните години да подготвивме уште поголеми“ - кажа пекарот Александар Миладиновски, кој години наназад учествува во подготовката на џиновската пастрмајлија во Велес.

Нејзината продажба беше со хуманитарна цел и се собраа 3.200 денари, кои ќе бидат предадени на ОО на Црвен крст Велес, за набавка на хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »