речник контакт

Поддршка за иселување на Топилница од МПЦ и ИВЗ

- Во писмена форма Митрополитот Повардарски Агантагел и Имамот на Повардарското Муфтијство Бесим Абдули

Петар Печков

- Во писмена форма Митрополитот Повардарски Агантагел и Имамот на Повардарското Муфтијство Бесим Абдули, порачаа дека ги поддржуваат желбите за здрава и чиста животна средина, без Топилницата во градот.

Став на граѓаните согласно Архуската конвеција и Уставот за право на здрав живот е јасен, новиот сопственик на Топилницата нека бара нова локација за неа - изјави Ангел Гушев од Извидничкиот одред Димитар Влахов, член на  Зелената коалиција. Тие побараа јавно извинување од членот на велешкиот совет од Социјалистичкатa партија, Марина Мијајлевска, по нејзината изјава дека Топилницата не е причина за 30 годишното загадување на градот.

Го прозваа и советникот од Зелената партија, Зоран Ѓуровски, кој истата седница ја напушти без да гласа за промена на урбанистичкиот план, со кој на сегашниот простор каде е Топилница не се предвидува таков објект.

За потсетување, дека при минатогодишната посета на претставникот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере, запрашан за неговиот став за загадувачот Топилница, тој рече дека не би сакал да живее во место каде сосед му е Топилница.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »