речник контакт

Поделени 20 пакет со храна, за социјално ранливите категории

Пакетите се обезбедени од продажбата на големата пита за Питијадата

Петар Печков

Се поделија 20 пакети со основни прехранбени производи, наменети за лица и семејства во социјален ризик.  Пакетите ги поделија тројца  волонтери на Црвен крст од Општинска организација Велес, кои  денеска ја  реализираа  оваа хуманитарна акција.

„Пакетите се донација од граѓаните за граѓаните. Тоа се средства во висина од 14.684 денари кои се донираа при поделбата на големата пита пастрмалија на годинешната манифестација „Велешка питијада 2023““- соопшти Орце Николов, секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Пакетите се изработени согласно стандардите за поделба на хуманитарна помош пропишани од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и нашето Национално друштво. Истиот содржи 12 различни или вкупно 16 прехранбени производи. Тежи 8,2 килограми.

фото ОО на Црвен крст Велес/ФБ

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »