речник контакт

Поделени четири хуманитарни пакети со храна, обезбедени од продажбата на џиновската пастрмалија

Пакетите ги добија семејства кои живеат во социјален ризик

Петар Печков

Четири велешки семејства добија хуманитарни пакети, кои се обезбедени од продажбата на џиновската  пастрмалија, на Велешката питијада. Пакетите се со храна, со основни прехранбени производи.

Од продажбата беа собрани 3.200 денари, кои се  доделија на велешкиот Црвен крст. За да може да ги наполни овие четири пакети со основните прехранбени производи, тие додале средства од нивниот буџет.

„Средства се искористија за набавка и поделба на хуманитарни пакети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик. На манифестацијата се донираа 3.221 денар. Од овие средства, а дополнети со сопствени, се направија четири хуманитарни пакети со основни прехранбени продукти. Донацијата беше поделена кај семејство со три деца, невработена самохрана мајка и кај две лица од трето доба“ - кажа Орце Николов секретар на ОО на Црвен крст Велес.

Во неделата на манифестацијата „ Велешка питијада 2022“ мајсторите од пекарите „Ќоше“ и „Гемиџии“ изработија пастрмалија долга четири метри за која употребија 20 кг брашно, 30 кг месо и 210 јајца.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »