речник контакт

Подобрена е состојбата со гласната музика од локалите спроти Гимназијата, велат од СВР Велес

Проблем создавала општата бучава, џагорот од луѓето и движењето нa автомобилите

Петар Печков

Осетно е подобрена состојба со гласната музика во локалите спроти Гимназијата. Ова го кажа командирот на ПС Велес, Алексндар Костов, на последната седница на Советот на Општина Велес, по реакциите на жители од тој дел на градот.

„Во ноември лани дојдоа станари од зградите спроти Гимназијата, се жалеа на гласана музика. Ги засиливме контролите, меревме повеќе пати во текот на денот, се поднесоа повеќе пријави. И од тогаш мислам дека овој проблем не постои. Мерењата покажува дека е под 55 децибели што е максимална граница. Проблемот е со општата бучава. Кога сме мереле со фонометар  и имало вредност од 57 децибели, па сме го запирале сообраќајот на улица а бројката осетно паѓа. Ова укажува дека имаме  бучава од возила од џагор на луѓето, на што не сме во можност да реагираме. За викенд излегуваме постојано. Сега имаме еден фонометар кој е поседување на ПС Велес и можеме постојано да го користиме“- рече Костов, при разгледувањето на Информацијата за работата на ПС Велес во 2021 година

Во меѓувреме  градоначалникот Марко  Колев одржал состанок со сите угостители,   рече таков немало  осум години. Целта е надминување на проблемите за кои реагираат станарите, за користењето на јавните површини со урбана опрема.

„Сите угостителски објекти се писмено известени како да постапуваат со урбаната опрема. Ги задолживме да направат елаборати и да ги почитуваат.  Точно се знае колку опрема, на која површина да биде поставена, колку да бидат  оддалечени меѓусебно, колку место да има за пешаци. Очекувам тие елаборати да бидат доставени  и ќе се постапува по нив. Да излеземе во пресрет на граѓаните од овој дел, спроти Гимназијата“- порача Колев. 

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »