речник контакт

Подобро нешто, отколку ништо

Откако добија безмалку се што бараат, трговците се враќаат на велешкиот Пазар веќе од утре, вторник.

Петар Печков

Откако добија безмалку се што бараат, трговците се враќаат на велешкиот Пазар веќе од утре, вторник.

На средбата што е остварена помеѓу нив, претставник на локалната власт, ЈКП Дервен и пазарната инспекција договорено е да се дислоцираат десетина тезги со мешовита роба кои се наоѓаа покрај оградата на училиштето ОУ „Благој Кирков“.

Пазарната инспекција не го прочитала законот како претставниците на ЈКП Дервен, дека мора да има одвоеност на земјоделските производи и мешовита роба, по што се надминати недоразбирањата.

Прифатени се и барањата за нови чешми на Градскиот пазар а во дог?едно време и изградба на санитарен јазол.

Пред некој ден поради реорганизација и поделба на пазарот на дел каде што ќе се нудат земјоделски производи дел на мешовита роба, дојде до протест на пазарџиите и тие два дена не беа присутни на тезгите. Купувачите ваквата поделба ја оправдуваа и го поддржуваа РЕ Пазари на ЈКП Дервен во настојувањата да се средат работите.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »