речник контакт

Подрачното ОУ од Превалец се припојува кон ОУ Васил Главинов

Конечниот збор по припојувањето на училиштето од Превалец, ќе го даде Министерството за образование

Петар Печков

Подрачното ОУ кое работи во  населба Превалец се припојува кон ОУ Васил Главинов од Велес. Ова е одлука на Советот на општина Велес, донесена на последната седница, со мнозинство гласови.   ОУ  „Васил Главинов“ , ги презема објектот, опремата и наставните средства, вработените и учениците од ПУ Превалец-Оризари, кое досега 42 години беше дел од ОУ Рајко Жинзифов од Горно Оризари.

Во училиштето од Превалец настава  посетуваат 50-тина деца   од прво до петто одделение. Причината за припојувањето е ланскиот бојкот на почетокот од учебната година на родителите на учениците од Превалец,   кои бараа децата да учат во Васил Главинов, бидејќи населбата била дел од градот и не припаѓала кон Горно Оризари.  

Во населено место, на чија територија има  5 централни основни училишта не може да постои подрачно училиште кое  е од друго населено место. Тоа го нема никаде. Со ова решение излегуваме во пресрет на  барањата на родителите, кои две седмици ја бојкотираа наставата. Превалец е дел од Велес, не  од Горно Оризари. Оваа состојба од 70-тите години е надмината. За жал во Виена има повеќе првачиња родум од Горно Оризари отколку што сега живеат во Горно Оризари  - рече градоначалникот Славчо Чадиев.

На ова решение се спротивставија од опозицискиот СДСМ, за кого новата реорганизација може да донесе нови  проблеми, не и решавање на проблемот.  

Ако се случи оваа реорганизација, ОУ во Горно Оризари ќе остане со 11 паралелки. Дали тогаш тоа ќе остане правен субјект, ако се знае дека за тоа се потребни минимум 16.Како тогаш ќе реагира и постапи Министерството за образование. Дилемата е дали  со оваа  одлука нема да го доведеме во прашање опстанокот на училиштето во Горно Оризари како правен  субјект - рече Панче Иванов советник од СДСМ во  Велес.

 Против новото решение е и  ОУ  ,,Рајко Жинзифов,, од  Горно Оризари,, .

Анализата за оправданоста на припојувањето се темели на   два моменти: изменетата состојба на реонската припадност на училиштето во Превалец, поточно оваа населба е составен дел на градот и е именувана како Урбана Заедница „Мирка Гинева“ како и на барањето од страна на родителите на учениците кои учат во подрачното училиште во Превалец.

За да не се превезуваат учениците од I до V одделение од Превалец до матичното училиште ООУ „Васил Главинов“,тие ќе продолжат да  работат во постојниот објект во Превалец. Конечниот збор по припојувањето на училиштето од Превалец, ќе го даде Министерството за образование. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »