речник контакт

Поетски карван ,,Новогодишни мечти,,

Наградени основците од Велес, учесници на поетскиот конкурс

Петар Печков

Учениците од основните училишта во велешко, учесници на  конкурсот ,,Новогодишни мечти,,  ги добија наградите.  Во организација на Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин,,   се одржа карван по училиштата, каде учениците добитници на награди ги преставија нивните песни. За наградите решаваше жирито Лила Арсова, Нада Алексовска и Игор Крајчев.   Поетскиот карван беше во чест на денот на раѓањето на Рацин. 

 Благодарение на соработката со менторите, колегите наставници  македонисти, имавме голем одѕив, имаше квалитетни песни кои пристигнаа. Радува што децата сакат да творат, да се натпреваруваат. Затоа и решивме најдобрите да ги отпечатиме, за децата да имаат уште од мали  доказ за нивната креативност – изјави Лила Арсова, претседател на Друштвото на писатели Кочо Рацин од Велес.   

Учествуваа  сите ученици од основните училишта во општината, во две категории   од второ до петто и од шесто до деветто одделение.  Од сите пристигнати творби, најдобрите 40 се издадени во книгата наcловена ,,Новогодишни мечти,, .

Во категорија од второ до петто одделение прво место освоија  Марко Колодезни 4а одд. од  ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот и Деспина Грданова од  3-5 одд. од ОУ Блаже Конески. Во категоријата од  шесто до деветто одд. победија  Мартина Пешова- од 9 одд. од ОУ „Стојан Бурчевски- Буридан од Иванковци и Валерија Ѓорѓиева VI-б од   ОУ„ Јордан Хаџи Константинов Џинот “. Прво наградените добија и новогодишни пакетчиња. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »