речник контакт

Пожар во викенд објект во Раштани

Изгореа и 5 декари сува трева и 5 декари лозје

Петар Печков

Вторникот поладне во билзината на село Раштани избувнал пожар од кој е опожарен еден објект и околната површина. Го гаснеле пет пожарникари со две возила, три часа од 15 до 18 часот.

Опожарен е градежен ојект со 20 м2 како и околината пет декари сува трева и пет декари лозје -изјави команирот на ТППЕ Велес Љупчо Лепидовски.   

Во атарот на с.Раштани м.в.„Лаки“ настанат е пожар на една викенд куќа сопственост на П.Р.(53) од Велес  Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица - Велес - информираше портпаролот на СВР Велес  Верољуб Додевски.     

Извршен е увид на местото на настанот по што ќе бидат познати причините за огнот. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »