речник контакт

Пожар во некогашна Топилница, ги уплаши велешани

Опожарен бил силос, при сечењето на метал

Петар Печков

Пламени јазици и густ чад, кои претпладнево се појавија од  објектот на некогашна Топилница ги уплашија велешани. Коментари  и фотографии се појавија на социјалните мрежи а граѓаните беа во дилема, што се случува во некогашниот индустриски капацитет, кој остави белег во живеењето во градот поради енормното загадување, кое остана неказнето. 

На лице место биле две возила на против пожарната единица и шест пожарникари, кои постапиле по пријава на граѓанин, не на лицата кои се задолжени за обезбедување на Топилницата. Пожарот бил пријавен околу 11ч.

„Имаше пожар, настанат при сечењето на метал, искрите зафанале еден силос, висок 10-тина метри. Огнот беше локализиран за половина час. Ја искористив можноста на лицата кои работат на сечење и обезбедувањето да им укажам на безбедносни мерки. Да ја смирам јавност, таму во поранешна Топилница нема никаков материјал, кој е опасност по здравјето и животите  велешани, така што се беше брзо санирано“ - рече Љупчо Лепидовски командир на ТППЕ Велес.

На лице месо бил и  претставник на локалната власт, задолжен за животната средина.

„Во кругот на Топилница се врши сечење на металот. При една таква операција денес, од искри бил зафатен силос, а огнот беше локализиран од страна на против пожарната единица “ - рече Билјана Манаскова Шуркова, раководител на одделението за животна средина во Општина  Велес. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »