речник контакт

Пожар во свињарска фарма, горела кровната конструкција

Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден, сабота, пожар зафатил објект на  свињарска фарма, при што е причинета материјална штета а осум лица побарале лекарска помош поради вдишување чад. Први реагиреле вработените во фирмата, кои ги спасувале животните и го гаснеле пожарот.  Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 17 јануари во 10:45 часот, во СВР Велес е пријавено дека настанал пожар во свињарска фарма на правно лице, во село Долно Чичево, општина Градско. Во пожарот угинале шест животни, а причинета е и материјална штета. Поради вдишување на чад, едно лице било пренесено во Општа болница Велес, додека четири лица се јавиле на преглед во Општа болница Неготино и три лица во Општа болница Кавадарци“ – соопшти Ана Милевска Ѓорѓиева, портпарол на СВР Велес. 

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Велес, пожарникарите интервенирале со две возила и пет спасители, повикот за пожар бил регистиран во 10,37ч. велат горела кровната конструкција во хала на фарма на Агриа. Со нивна интеренција било спречено пожарот да се прошири кон соседните хали. Увид извршиле јавен обвинител, вешто лице и увидна екипа од СВР Велес, по што ќе бидат познати причините за пожарот.

фото архива ТрМр

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »