речник контакт

Пожар кај Дурутовец, гори стрниште и депонијата

Пожар и на планината Бабуна, во прилепскиот крај, постои опасност да префрли и во велешко

Петар Печков

Пожар му се заканува на селото Дурутовец, на приодот од Велес. Огнот се заканил на неколку ку'и, кои се во близина на  пумпната станица.

„Запалено е стрниште, откако дошло до прекин на електричниот довод. Огнот се шири по депонијата. Спасени се четири куќи од селото. Наши екипи се на терен“ - кажа Ивица Поповски  од ТППЕ Велес, кој со колегите е на местото на пожарот.

На лице место се неколку екипи пожарникари од Велес, со две возила.  Нивна екипа е во Куманово на испомош.  На лице место се и пожарникари од Железничка станица Велес, оти во еден дел е загрозена и пругата Велес- Кочани.

Од велешката противпожарна единица предупредуваат на опасност од пожарот кој го има на планината Бабуна, во прилепскиот дел и може да префрли на територија на Општина Чашка. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »