речник контакт

Пожар на камион кај Градско, сообраќајот на автопатот четири часа бил во прекин

Пожарникарите интервенирале со три возила и седум пожарникари

Петар Печков

Ноќеска, среда нешто по полноќ, пожар зафатил камион, кој превезувал памук. Интервенирале пожарникарите, сообраќајот на делницата од автопатот кај Градсако, бил во прекин четири часа

„На 5 ноември во 00:35 часот, примена е дојава за запалена церада од камион на клучката од автопатот кон новиот пат за Прилеп. Територијалната противпожарна единица Велес излезе на лице место со две противпожарни  возила и пет пожарникари-спасители. По пристигнување, пожарот беше затекнат во развиена фаза. Поради сериозноста на ситуацијата и товарот на камионот -памук, побарано е уште едно ПП возило за дотур на вода и еден пожарникар-спасител. Благодарение на брзата интервенција, пожарот е локализиран без повредени колеги и цивили“ – соопоштија од ТППЕ Велес.

Дополнителна информација за пожарот и од велешката полиција.

На 5 ноември во 00:39 часот во СВР Велес е пријавено дека на исклучокот од автопатот Градско-Велес кон експресен пат Градско-Прилеп настанал пожар на приколка товарена со полиестерски влакна, прикачена на товарно возило „рено“ со турски национални ознаки, кое го управувал Е.А.(38 год) од Турција“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.

Во периодот од 01:20 до 05:20 часот, патничкиот и товарниот сообраќај на автопатот Велес - Градско бил во прекин и  пренасочен по експресниот пат Градско – Дреново. 

За настанот биле известени  јавен обвинител, Царинска управа и Министерство за животна средина. 

АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »