речник контакт

Пожар над Горно Јаболчиште

Викендов гореше кај Згрополци и кај Долно Оризари

Петар Печков

Од вчера, недела попладне од 16:25 часот, започнат е пожар над Горно Јаболчиште  информираат од ЈП Национални шуми – подружница „Бабуна“, Велес. Опожарена била сува трева во сеча, но пожарот се шири кон висококвалитетна шума кон м.в. Ламја. Поради непристапноста и оддалеченоста на местото на пожарот, ЈП НШ Бабуна известиле дека ќе испратат екипа на интервенција во текот на утринските часови.

На 1 октомври  примена била дојава за настанат пожар над село Згрополци. ТППЕ Велес излегле  на лице место со 1 против пожарно возило и 4 пожарникари спасители по пристигнување на лице место увидено е дека поради силниот ветер пожарот се шири, па побарана е помош со уште едно  против поарно  возило и четири  пожарникари спасители.

„Со брзата интервенција пожарот е спречен да се прошири и да направи штета од поголеми размери“ - информираа од ТППЕ Велес.

Истиот ден на  први октомври во 2:37 примена била дојава за запалено стрниште над затворот во с. Долно Оризари. ТППЕ Велес излегла на лице место со 1 против пожарно возило и 4 пожарникари спасители. По пристигнувањето на лице место и сериозноста на пожарот побарана била помош од лице место со уште едно  против пожарно возило и четворица пожарникари спасители. За брзо време пожарот бил ставен под контрола и целосно е изгаснат.

фото ФБ/ ТППЕ ВЕЛЕС

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »