речник контакт

Пожари кај Богомила и Дреново

Гори ниско стеблеста и деградирана шума. Пожарот кај Богомила го гасне авион

Петар Печков

На две локации во поширокиот велешки регион  огнот неколку дена ги уништува дрвјата. За пожарите информираа од Центарот за управување со кризи.  Огнот зафанал терен со ниско стеблеста и деградирана шума.  

Првиот пожар е близу селото Богомила, кој гори трет ден и веќе стигнал  до црквата Св. Спас. Пожарот во атарот на селото Богомила, во месноста Црвен Дол, кој синоќа во 20:30 часот бил ставен под контрола, повторно е обновен од 22:15 часот. Утрово таму се упатени екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес и Дирекцијата за заштита и спасување – Велес. На пожарот  интервенира и  авион канадер.

Вториот пожар кој е  од вчера, е во близина на селото Дреново. Во атарот на селото Дреново, во месноста Дреновска Корија од синоќа, од 21:10 часот има активен пожар со кој е зафатена шума под даб, јасен и бука. На терен се вработените на Шумското стопанство „Бабуна“ – Велес, но пожарот е интензивен и се бара гасење од воздух.

Активен е и пожарот на падините на Горна Јакупица, а теренот е непристапен за гасење.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »