речник контакт

Пожарите во Општина Чашка ги гаснат авиони канадери и хеликоптери

Гори во близина на Горно Јаболчиште во атарот на село Дреново. Горат десетици хектари шума

Петар Печков

Се уште е активен пожарот во атарот на селото Дреново, во месноста Дреновска Корија, општина Чашка. Пожарот, кој е активен во шумскиот дел, зафатил дабова шума, јасен и бука. За гасење на пожарот ангажирани се Шумското стопанство „Бабуна“, Дирекцијата за заштита  со два авиони канадери и спасување  и два хеликоптери на АРМ.

Со дејствувањето од воздух успешно е изгасен пожарот во карпестиот предел. На теренот се изработени пресеки за спречување на понатамошно ширење на пожарот.

Пожарот во атарот на село Богомила, месност Бела Вода, општина Чашка е ставен под контрола. Се гледаат поедини задимувања од заостанати трупци внатре во жариштето.

Пожарот на падините на Горна Јакупица е активен, а теренот е непристапен за гасење. Северозападно од село Горно Јаболчиште во месноста Диков Гроб на патот кон Горно Бегово, околу 14,42 часот појавен е нов пожар. Опожарена е површина со низок бор (кривул).

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »