речник контакт

Пожарите и натаму присутни во велешко

Попусти се апелите да не се палат стрништа

Петар Печков

Територијална противпожарна единица од Велес денес во два наврати мораше да интервенира, поради оган на запалени стрништа. Иако надлежните вклучително и пожарникарите предупредуваат да не се палат , тоа земјоделците  го практикуваат, на штета на површините.   

„Денес на 05.10.2023 во 10:50 примена е дојава за запалено стрниште во с. Мамутчево. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно  против пожарно возило и три пожарникари спасители со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и да направи поголеми штети“ - информираа од ТППЕ Велес

„Денес на 05.10.2023 во 00:50 примена е дојава за запалена сува трева на патот Велес - Штип во близина на фабриката за сточна храна УНИ АГРО. ТППЕ Велес излезе на лице место со 1 против пожарно  возило и четворица пожарникари спасители со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и да направи поголеми штети“ - соопштија од ТППЕ Велес.

фото ФБ/ТППЕ Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »