речник контакт

Пожарите на планината Јакупица викендов, ги изгаси дождот

Гореа површини Долно Бегово и Петте колиби

Петар Печков

Двата пожари кои викендот ги имаше на планината  Јакупица се локализрни. Дождот кој неделата заврна ги изгаси, соопштија од Центарот за управување со кризи.

Двата пожари беа евидентирани на 4-ти петокот попладне, површините беа под оган и на 5-ти сабота, а вчера, недела дождот  да ги згасна.

Пожарите беа  во околината на  Горно Јаболчиште месност викана  Долно Бегово – Биков гроб, каде горело пасиште, теренот бил  целосно непристапен. Исто така, во овој реон во месноста викана  Петте колиби – Јакупица имаше друг пожар каде горела густа квалитетна букова шума и папрат.

ЈП„Национални шуми“ подружница „Бабуна“ во текот на саботата испратиле  една екипа од пет вработени со трактор. Пожарот бил надвор од населено место и немало  опасност да зафати некој објект, соопштија од Центарот за управување со кризи.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »