речник контакт

Пожарите не стивнуваат, гори и борова и ниско стеблеста шума

Два пожари пламтат на Јакупица, од страната на Македонски Брод и кај Горна и Долна Бабина Дупка

Петар Печков

Пожарите и натаму ги пустошат површините со шума или ниско стеблеста вегетација. Веќе неколку дена гори  боровата шума високо над село Белица,  од страната на Македонски Брод, во месноста „Аргулица“ под Солунска Глава на непристапен терен

 Во општина Чашка, месност „Горна и Долна Бабина Дупка“ ниско стеблеста шума, каде поради непристапниот терен и ветровите кои ги има, не е можно да интервенираат хеликоптерите или ер тракторите авиони. За овие два пожари информациите се од Центарот за управување со кризи. За следните три информациите се од Територијалната против пожарна единица Велес (ТППЕ).  

На 6 октомври  во 14:24 од страна на Јавното Комунално Претпријатие ДЕРВЕН пријавено е пожар на градската депонија. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно против пожарно  возило и двајца  пожарникари спасители, со брза интервенција пожарот е изгаснат и не е дозволено негово проширување.

На 7 октомври  во 22:18 примена е дојава за пожар на локалните гробишта во село Црквино. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и четворица  пожарникари спасители. По пристигнувањето на лице место затекнат е пожар во развиена фаза, но со брзата интервенција пожарот за брзо ставен под контрола и целосно ликвидиран.

На ден 9 октомври  во 20:50 примена е дојава за запалено стрниште во село  Мамутчево. ТППЕ Велес излезе на лице место со едно противпожарно  возило и четворица  пожарникари спасители. Со брзата интервенција не е дозволено пожарот да се прошири и да направи поголеми штети.

фото ФБ/ТППЕ Велес

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »