речник контакт

Пожарникарите спасија куче под разрушена куќа

Соседите стравуваат по безбедноста од куќата која е без сопственик. Од Здружението ,,Гласот на живоните,, апелираат за вдомување на кучето кое се здобило со сериозни повреди поради што мора да оди на ветеринар

Петар Печков

Попладнево напуштена куќа на улица Страшо Пинџур, бр.5 се сруши. Поради врнежливото време попуштилa конструкцијата а куќата е празна повеќе од 15-тина години. Соседите стравуваат дека таа е закана и за нивните домови.

Кога куќата се срушила, во приземјето имало и куче бездомник. Тоа беше заробено под купиштата дрва и граѓа. Беше побарана помош и од пожарникарите, Љупчо и Ивица кои за кратко време стигнаа го спасија кучето од разрушената куќа.

Тоа таму беше подолго време и беспомошно цвилеше. Откако беше ослободено соседите го земаа и нахранија. По ова кучето беше згрижено од младите од здружението ,,Гласот на животните,,. Тие констатираа дека кучето има повреди на `рбетот и задните нозе, поради што мора да се носи на ветеринар. А затоа се потребни средства.Потребно е негово сместување во следните неколку дена.

Доанциии можете да испратите

ЗЗЖ ГЛАСОТ НА ЖИВОТНИТЕ
ДЕНАРСКА СМЕТКА: 300270000101436
ДЕПОНЕНТ: КОМЕРЦИЈАЛНА Банка АД Скопје

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »