речник контакт

Пожарот го уништи и животинскиот свет

Уништена популацијата на зајаци, еребици и друг ситен и прелетен дивеч

Петар Печков

Животинскиот свет е уништен на просторот  близу Велес, каде пред седум дена беснееше голем пожар.  Ловџиите од Ловното друштво ,,Руен,, од Велес под чија концесија се површните,  изминатите денови биле на увид и констатирале катастрофални последици.

Целосно е уништен животинскиот свет на сите 400 хектари кои изгореа. Уништена е популацијата на зајаци,  еребици и друг ситен  и прелетен дивеч.  Последиците ќе ги чувствуваме долго време - кажа Ване Нанов од ЛД Руен од Велес.   

Подрачјето околу езеро Младост неколку години наназад било забрането за лов, како заштитена зона.  Според директор на ЈП ,,Македонски шуми,, пожарот кој зафати 400 хектари површина, од нив 200 хектари црна дабова предизвикал штети од еден милион евра. При тоа била изгорена дрвна маса од 20 илјади м3 или колку што велешани користат во една грејна сезона.    

Двајцата осомничени за пожарот И.Т. и М.А. управител на фирмата која ги изведувала работите се во 30 дневен притвор, додека останатите тројца Т.В. Л.Б. и Ј.Н. имаат од судот  одредено мерка претпазливост. Тие се осомничени за кривичното дело ,,тешки дела против општата сигурност,,. 

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »