речник контакт

Пожарот во Велешко ставен под контрола

Околу полноќ огнот е локализиран, по 16 часа борба со огнената стихија.Се гаснеше и од воздух со авиони и од железница со воз. Изгоре површина до 80 хектари

Петар Печков



Големиот пожар во близина на Велес на потегот помеѓу велешките села Раштани, Белештевица и железничката станица „Рајко Жинзифов‘‘ е ставен под контрола, но сеуште има опаснсот од огнот оти поради ветрот, на поедини места е сеуште активен.

Димче Атанасов од Шумското стопанство „Бабуна“, информира дека нема опасност пожарот, што избувна утрово од 8,30 часот, да ги зафати блиските населени места - селата Раштани и Белештевица. Според првичните проценки, досега изгореле околу 70 до 80 хектари нискостеблеста деградирана шума, пасишта и чилии.

Пожарот, вечерва  е ставен под контрола со интервенција на вработените во ШС „Бабуна“ и Противпожарната единица од Велес,  два противпожарни авиона од Дирекцијата за заштита и спасување и противпожарниот воз на Македонски железници. Непрекинатиот ветар од северен правец, ги отежнува напорите за негово гаснење, но до утре изутрина пожарот треба целосно да биде ставен под контрола - потврди Атанасов.

Нивни вработени како и пожарникари од ППЕ од Велес и ноќва ќе останат на терен со цел пожарот повторно да не избувне.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »