речник контакт

Пожарот кај Ораовец и Војница, гори втор ден, го гаснат авиони ер трактор

Претпладнево имало и три помали пожари во село Согле, Бистрица и Богомила, кој биле локализирано од локални мештани

Петар Печков

Пожарот кој од вчера попладне повторно ја зафати околината на село Ораовец се прошири и кон село Војница. На терен се припадници на ТППЕ Велес, на ЈП македонски шуми и доброволци. Горат повеќе десетина хектари ниско стеблеста шума и сува трева. 

Побарана е и добиена помош од воздух од авионите ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување. Пожарот е на територија на две општини, Велес и Чашка, во неговото локализирање се вклучени двете локални самоуправи. 

Претпладнево имало и три помали пожари во село Согле, Бистрица и Богомила, кој биле локализирано од  локални мештани. Тие спречиле пожарите да земат замав и нанесат поголема штетата.  

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »