речник контакт

Пожарот кај Ореше уште е активен, гори дабова шума и габер

Го гаснат два „ер трактори“ и еден хеликоптер на АРМ. Огнот гори од четвртокот на пладне

Петар Печков

Пожарот кај село Ореше уште пламти. Регистриран е вчера, четврток во 12,30 часот а до вечерва уште е активен.

Проценките се дека досега е опожарена високо квалитетна шума - даб и габер, на површина од повеќе од 100 хектари.

Денес огнот беше гаснат од страна на два авиони „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување , како и еден хеликоптер на АРМ. На терен се и вработени од Шумско стопанство Бабуна од Велес.  

фото Центар за управување со кризи

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »