речник контакт

Пожарот кај Отовица за шест часа изгоре 50 хектари површина со ниско стеблеста шума, трева и дел од боровата шума (фото и видео)

Навремената, брза и координирана реакција на повеќе институции спречи проширување на пожарот и покрај ветрот и топлото време оцени директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, потенцирајќи ја интервенцијата на велешките пожарникари

Петар Печков

Пожарот кој вчера попладне ја зафати околината на населбата Отовица гореше шест часа и зафатил површина од 50 хектари ниско стеблеста шума, трева и дел од боровата шума.

Бил регистриран во 13,30ч а локализиран во 19,40, соопштија од Центарот за управување со кризи. Пожарот е регистриран меѓу автопатот и железничката пруга, пред мостот кај наплатната станица "Отовица".

„Навремената, брза и координирана реакција на повеќе институции спречи проширување на пожарот и покрај ветрот и топлото време, а со тоа и настанување на поголема штета. Во гаснењето на пожарот  учествуваа два авиони „ер трактори“  и хеликоптер на МВРФ кои помогнаа на храбрите велешки пожарникари и локалното население“ - кажа Стојанче Ангелов (видео), директор на ЦУК.

Во шест часовната интервенција учествувале пет  возила и 16 пожарникари од ТППЕ Велес, седум  лица од ЈКП Дервен, едно лице од Дирекција за заштита и спасување, пет лица од ЈП Македонски шуми, како и припадници на МВР, граѓани и дел од локалното население со трактори.  Тројца пожарникари од ТППЕ Велес останале во текот на ноќта да дежураат, огнот да не се распламти.

Двата авиони по една интервенција кај Отовица биле преупатени на пожарот во скопско, па останал хеликоптерот на МВР.

„Хеликоптерската единица за посебни намени при Одделот за воздухопловни единици и на 2 август  беше на висина на задачата, учествувајќи во локализирање на пожарот кај велешка Отовица.

Хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода“ - соопштија од МВР.

Претходно, пред два дена, понеделникот попладне од 16,30 до 19,30 ч. пожар зафати борова шума покрај автопатот Велес - Скопје, на излезот од градат а пред мостот кај Отовица а велешките пожарникари по тричасовна интервенција спречија огнот да зафати поголема површина.

 фото ЦУК, Општина Велес, посетители на ТрМр

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »