речник контакт

Пожарот на Даутица помеѓу Папрадиште и Ореше локализиран

Дополнително ќе се испитува колку површина дабова шума изгоре и што е причината за пожарот

Петар Печков

Пожарот кој од понеделникот беше регистриран од падината Даутица, денес попладне е локализиран.  Беше зафатена дабова шума во почетокот од 50 хектари а официјалните лица не сакаат да објавуваат податоци, пред да проверат на лице место, колку шума изгоре. Ќе се испитува и што е причината за пожарот.  

„Околу 15 часот, вработени од ШС „Бабуна“ кои беа на лице место јавија дека пожарот е локализиран. Денес во гаснењето на огнот учествуваше и хеликоптер на АРМ, во пет прелети. Колку шума изгоре ќе биде дополнително познато “ - соопштија од Центарот за управување со кризи.  

Изгоре шума на територијата на планината Даутица, помеѓу селата Ореше и Папрадиште. Огнот беше регистриран понеделникот околу 11 ч иако мештани велат дека се појавил неделата вечер околу 20. за што тие алармирале до надлежните. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »