речник контакт

Пожарот над Мелница се уште активен, иако во намален обем (фото)

Гори од вчера вечер, понеделник, ниско стеблеста шума, сува трева и во еден дел букова шума

Петар Печков

Пожарот кој од вчеравечер  е регистриран над село Мелница, до вечерва  се уште не е локализиран. Според Центарот за управување со кризи, пријава за него била добиена вчера во 19ч а на терен денес биле пет пожарникари од Велес, кои се префрлени со хеликоптер, два хеликоптери на МВР и локално население.  Гори ниско стеблеста шума, сува трева и во еден дел букова шума.

„Пожарот на Јакупица е значително намален и пресечен на неколку кракови со дејството на двата хеликоптера на МВР и дејство по земја на пожарникарите од ТППЕ Велес, но заради променливиот ветар и исклучително непристапен терен на висока надморска височина, не е целосно изгаснат. Рано утре, дополнително ќе се утврди како ќе се дејствува“ - соопшти Илија Бојаровски портпарол на ЦУК.

Двата хеликоптери на МВР досега прецизно исфрлиле над 80 тони вода.

„Хеликоптерот  Ми-171 во 25 налета исфрли преку 60 тона вода, а хеликоптерот БЕЛЛ 212 во 20 налета исфрли преку 20 тона вода“- информираа од МВР.

Пожарот е на терен од над 1,2 илјади метри на надморска височина .

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »