речник контакт

Позицијата и опозицијата се најдоа на исто мислење

Позицијатата и опозиција се најдоа на исто мислење, проблемот со Рамина мора да се реши и државата за тоа мора да најде пари.

Петар Печков

Позицијатата и опозиција се најдоа на исто мислење, проблемот со  Рамина мора да се реши и државата за тоа мора да најде пари.

Ова беше речено на трибината на граѓанската асоцијација МОСТ одржана во Велес, откако Владата не го предвиде за решавање овој проблем во наредната 2007-ма година.

Затоа тројцата велешки пратеници поднеле два амандмани со кои се бара да се обезбедат средства од Републичкиот буџет, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од една ставка додека пратеникот од СДСМ од друга.

- Рамина може да се реши ако не се делиме по партиска основа, туку здружни во граѓанска акција побараме тој да се симне од дневен ред. За свлечиштето се потребни многу средства кои државата ги нема и освен домашни требат и странски - изјави Горан Петров, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ. Тој како градежен инженер објасни дека за решавање во втората фаза потребно е изградба на колци во длабочина до 40 метри, што е адекватно на височина на една 13 катница. Механизација која може да изгради вакви колови имало во Русија и за таа да стигне до свлечиштето, морале да се рушат многу куќи кои пречат за реализација.

Пратеникот од СДСМ Марјан Николов вели дека решение може да се бара ако Рамина се прогласи за елементарна непогода но во активностите да се вклучи и локалната власт, која би ги ослободила жителите чии куќи се оштетени или срушени од комуналиите и им додели бесплатни плацеви.

За разлика од него пратеникот Петров ќе бара од Владата изградба на зграда каде би се сместиле овие оштетени граѓани.

Марјан Додовски од ВМРО-НП проблемот го постави дали власта во сите овие седум години има желба да го реши проблемот, за кои според него не требаат странски средства.

Градоначалникот на Велес, Аце Коцевски вели дека можно решение е изградба на социјални станови преку проектот Хабитат, куќи кои се градат со исплата на 20 години без камата, но проблем бил што за да се добие таков објект сопственикот мора да има плата од 12 илјади денари а поголемиот дел од жителите на Рамина не се толку платежно моќни. За него фатална е грешката од неколку години при реализацијата на двата проекти а потребна е ревизија на планот за решавање на свелчиштето.

Можноста да ги кажат своите ставови имаа и жителите на месноста, чии проблем е од 1999 година и сеуште не се решава па околу илјада граѓани секојдневно живеат во страв да не им се урнат куќите додека спијат.

- Како може некој да го реши проблемот, кога не паметиме дека ниту еден министер не дошол да ја посети Рамина. Не третираат како граѓани од втор ред, за Јеловјане се најдоа пари веднаш за нас нема ниту по шест години. Колку пари само се потрошија за плаќање на киријата, досега ќе се изградеа станови за сите нас - порачаа жителите од овој дел на градот.

Предвидените 27 милиони средства за свлечиштата во Македонија за наредната година од републичкиот буџет биле строго наменски, за Јеловјане што уште повеќе создаде револт но и чувство на бесперспективност кај присутните на трибината.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »