речник контакт

Познат конечниот редослед на избирачкото ливче

СДСМ го доби реден број 42 а Горан Мишков од Титови леви сили 65. До идната среда се примаат барањата за гласање на болните, изнемоштените, затворените и притворените лица

Петар Печков

Познат е редоследот на гласачкото ливче за претстојните локални избори. ВО ОИК Велес им беа презентирани бројките на ново пријавените кандидати, со што листата стана конечна и официјална.

Кандидатот на Сојузот за иднината Аце Коцевски го доби редниот број 42, а кандидатот на Сојузот на Титови леви сили Горан Мишков редниот број 65. Претходно веќе е познато дека Марјан Спасовски  од Социјал Демократската Унија на изборното ливче  го има редниот број 18, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата   Славчо Чадиев  бројот 19,  додека  за кандидатката на Социјал-демократска партија на Македонија, Тања Петровска е со број  25.

Листата за советници  е следна:  број 4 е за  ВМРО-ДПМНЕ и нивните 18 коалициони партнери со носителот Александар Колев. Со број 17 е ДУИ со носител на листа Менсур Адили. Социјал демократската унија со носител Киро Костов го доби бројот 18, ДПА со носителот Касам Касамовски е под реден број 22, СДСМ со коалиционите партнери  и носителот Благој Коларов се под реден број 42,  Сојузот на Титови леви сили со носител Петре Ордевски е под реден број 65 и ДОМ со носител Стевче Дечев е под реден број 80.

До среда 20-ти март, овластен полномошник може да пријави дека болно или неподвижно лице не може да гласа, и дека сака овој чин да го изврши дома. За ова ќе треба да се поднесе соодветна документација поткрепена со медицински докази. Исто се однесува и за лицата кои се во затвор, притвор или домашен притвор.  Гласањето за нив е на 23-ти март, сабота, ден пред официјалниот датум за избори.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »