речник контакт

Познатите книжевни автори и нивните дела

Кафка наредил по смртта, се што напишал да се изгоре. ,,Војна и мир,, на Толстој била со работен наслов ,,Се добро завршува добро“ а ,,1984“ на Џорџ Орвел ,Последниот човек во Европа,,

Петар Печков

Колку често ни се случува да напишеме нешто, да го преработиме неколку пати за на крај да не ни се допаѓа. И на славните писатели им се случувало истото, до тој степен што си ги мразеле своите дела од различни причини, иако биле прифатени од читателската публиката и доживеале голем успех. Франц Кафка уништил голем дел од своите дела, а неколку години пред својата смрт го замолил неговиот пријател Макс Брод да уништи се што некогаш напишал освен неколку наслови, но Макс одбил да го направи тоа.

И покрај многубројните награди на норвешкиот писател Карл Ове Кнаусгард, некои членови од неговото семејство и пријателите биле длабоко навредени со тоа како се претставени во книгите и тоа го натерало да се пресели во мало шведско село каде што со тага зборува за своите дела.
Луис Карол, во писмото упатено до неговата пријателка напишал дека му смета публицитетот и жали што воопшто ги напишал своите книги.

Пишувањето и творењето книги бараат многу време и посветеност. Она што е интересно е дека осмислувањето наслов кој ќе биде привлечен, а воедно и поврзан со сижето на книгата воопшто не е толку едноставно како што си мислиме. Колку само часови, денови, месеци имаат потрошено некои писатели додека да го осмислат насловот што им донел светска слава. Денес не би можеле да ги замислиме овие книги под друг наслов.

Во продолжение следуваат неколку книги што имале тотално различни наслови пред да се најдат во полиците на книжарниците:
Првичниот наслов на „Војна и мир“ од Толстој бил „Се добро завршува добро“.
„Гордост и предрасуди“ од Остин најпрво имала наслов „Првите впечатоци“
„Последниот човек во Европа“ подоцна е преименувана во „1984“ на Џорџ Орвел.
„Мојата борба“ од Хитлер имала многу долг наслов кој гласел „Четири и пол години борба против лагите,глупавоста и кукавичлукот“ , но издавачот предложил доста пократко име за оваа книга.
„Глувци и луѓе“ од Стајнбек била именувана со насловот „Нешто што се случи“.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »