речник контакт

Познато кој ќе го стопанисува Еко паркот на езеро Младост, следните десет години

На Јавниот повик се јавило едно правно лице со седиште на фирмата во Велес

Петар Печков

Познат е правниот субјект кој  го доби правото да го користи „Еко кампот со паркот со авантури“ лоциран на брегот од езерото Младост.

Тоа беше по пат на Јавен повик, кој го распиша Општина Велес, од 16 јануари годинава. На повикот се пријавил у учествувало едно правно лице.  Одговорот добиен од локалната власт, на поставеното прашење од ТрМр го пренесувам во целост.

„По објава бр.1/2024 за давање под закуп  на движни ствари/урбана опрема на „Еко-камп со парк на авантури за деца и платформа за набљудување на птици на дел од езеро „Младост“, сопственост на Општина Велес, кој се простира на КП бр.126/6, КО Башино село-вон град, Општина Велес, објавена во дневниот печат и на системот Е-ствари, со почетна цена од 133.592,00 денари,  понуда достави 1(еден) понудувач. Комисијата за спроведување на постапка за електронско јавно наддавање согласно Извештајот од Аукцијата бр. 825/2014 од електронското јавно наддавање на ден 05-02-2024 година со почеток во 12:00 часот, констатира дека со статус на најповолен понудувач се стекна правното лице Друштво за трговија и услуги АЛЛ ИН ДООЕЛ ВЕЛЕС, со највисока постигната цена од 93.516.00 денари“ - соопштија од Општина Велес.

Постигната цена е во согласност со Јавниот повик, каде е наведено како  цената може да се симнува до 30 отсто. Еве како тоа е прецизирано во Јавниот повик, објавен на 16 јануари.  

„Доколку во првите пет минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот на јавното наддавање, вредноста на закупнината на движните ствари се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената на закупнината на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување. Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда. Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на закупнината на движните ствари повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност. Намалувањето на вредноста на закупнината на движните ствари во текот на наддавањето, доколку станува збор за објава по првпат може да биде најмногу до 30% од проценетата вредност без разлика колку понудувачи се јавиле на јавното наддавање“ - пишува во Јавниот повик.

Општина Велес  ги дава на времено користење движните ствари/урбаната опрема за време од 10 години. Закупувачот на урбаната опрема е должен за целото времетраење на користење на урбаната опрема да не ја менува намената на истата која е во согласност со проектот. Доколку како корисник на урбаната опрема, закупецот има потреба од дополнување на урбаната опрема, промена, реконструкција, санација или адаптација при вршење на дејноста, истиот не може без претходно добиена писмена согласност од општината да врши било каква промена. Закупецот урбаната опрема не смее да ја издава во подзакуп.

Еко паркот меѓу друго има - сервисен блок, рецепција, кујна, санитарии, седум дрвени камп куќички во форма на барик со 11 м2 по куќичка со кревети за спиење, летниковец, еко училница, клацкалки, лизгалки, нишалки, игралиште брод од дрво, замок од дрво, патека за паркур, платформа за набљудување на птици, киоск за продавање на сувенири.

Еко паркот е дел од содржините на проектот „Паметно езеро Младост“ финасиран од ЕУ со околу еден милион евра.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »