речник контакт

Поклонение на Лопушник во чест на Рацин

Малубројната делегација на Општина Велес и Општинскиот Сојуз на борци,ученици од Гимназијата „Кочо Рацин‘‘ од Велес положија цвеќе на споменикот на Рацин на планината Лопушник, Кичевско. Евидентно беше отстуството на советниците и поетите од градот на овој настан.

Петар Печков


Пред споменикот, кој се наоѓа во близина на партизанската печатница, каде на  13 јуни 1943 година  трагично загина поетот и револуционер Коста Солев Рацин, беше  одржана и пригодна програма од учениците од велешката Гимназија.

Кон прославата се приклучија претставници на Општина Другово и Кичево, претставници на АРМ и граѓани, годинава беа и претставници од локалната власт на македонски Брод.
Во чест  на Рацин, група граѓани од Кичево, планинари од Прилеп, Скопје,   самоиницијативно по традиција дојдоа пеш и одејќи 15- тина километри по планината до  Лопушник каде е споменикот во чест на Рацин.

Коста Солев Рацин е роден во декември 1908 година во Велес. Најпознат е по своето дело „Бели Мугри“ кое го отпечатил во 1939 година во  Самобор, Хрватска. Оваа мала книшка поезија со која го буди својот намачен работник и селанец и повикува на борба  е преведена на сите балкански и на многу европски и светски јазици. Коста Солев Рацин се смета за  основач на современата македонска поезија.

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »