речник контакт

Покрај основната дејност, образование и воспитување, дополнителна дејност на училиштето „Маца Овчарова“ е едукација на образовни асистенти

Во Велес во основното образование има 25 ученици со попречености, со 20 асистенти а во школото настава посетуваат 47 деца, од нив 12 се со интернатски престој

Петар Печков

Училиштето за деца со попреченост „Маца Овчарова“  од  Велес,  две години е ресурсен центар.  Покрај основната дејност, образование и воспитување, дополнителна дејност е едукација  на образовни асистенти. Со ова во пракса се применува одлуката  за  нивна целосна вклученост во образовниот систем. 

Децата  посетуваат  тандем настава во редовните училишта, покрај  редовниот наставник, добиваат  и образовен асистент.  Покрај основната дејност, образование и воспитување, дополнителна дејност е едукација и третман на образовни асистенти.

„Од пред две години учениците за да влезат во образовниот систем  мора да добијат категорија, од меѓународната класификација на функционалност. Таа одредува како децата со попречености  ќе се образуваат натаму во образовниот систем. Дел од нив ќе добијат образовен  асистент, кој со редовниот наставник, ќе работи тандем настава со детето со попреченост  инклузирано во  таа училница.  Друг дел добиваат насоки да работат по модифицирана програма или по индивидуална образовна програма.“ - вели Мирјана Петрушевска, директорка на  „Маца Овчарова. 

Училиштето „Маца Овчарова“ води грижа за 95  ученика  со посебни потреби, во 31 редовно основно училиште, од 11 општини во Повардарјето и  централниот дел на источна Македонија. 

Дел од учениците  со попречености добиваат -логопедски третман, сензорна терапија  бесплатно.Во Велес во основното образование  има 25 ученици со попречености, со 20 асистенти  а во школото настава посетуваат 47 деца, од нив 12 се со интернатски престој. 

„Училиштето има долгогодишна во давање на логопедска ресурсна  дејност. Освен што ги опфаќа учениците со логопедска работа, а се запишани во нашето училиште, ги опфаќа и учениците од општинските основни училишта. Таа дејност ја обавуваме последните две години. Родителите позитивно ја прифаќаат оваа наша работа“ - вели Елизабета Димитриеска, логопед.   

Во Македонија има вкупно 700 ученици со посебни потреби  кои посетуваат настава во редовните основни училишта. 

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »