речник контакт

Полевањето на градинарски површини, го отежна водоснабдувањето во Караслари и Оризари

Загубата на вода во Караслари била 17% додека во Горно Оризари 39%

Петар Печков

Дел од  жителите на Караслари, од повисоките делови реагираат дека со денови немаат вода за пиење. Ја имало и тоа малку во ноќните часови. Велат не можат ниту хигиена да се одржува.

Без малку една недела немаме вода, околу 700 жители. ја има и тоа малку само ноќе, колку садовите да се измијат.   Не можеме ниту да се истушираме, немаме услови за хигиена.  И тоа сега во време на корона вирусот кога хигиената треба да е на највисоко ниво. Проблемот е со години присутен, но никако ниту една општинска власт да го реши - велата жителите од село Караслари.  

Градоначалникот на општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција го актуализираше овој проблем.   Посочи дека го имало и во Горно Оризари и во Отовица.  ЈКП Дервен го информирал за недостигот на вода за пиење. 

Има несовесно однесување на жители од Караслари и Горно Оризари, наместо за  пиење водата ја користат за полевање.  Според закон прво се задоволување на потребите на луѓето, па животните и на крајот полевање на земјоделски површини.  Откако ЈКП Дервен го зема водоводот во Караслари намелен е во голем процент загубата на вода и сега изнесува  17% , а била и 60% претходно. Но  таму има уште 20-30 семејства кои немаат водомери. Тие ја користат можноста што плаќаат паушал, користат вода за полевање и така гои оневозможуваат останатите жители да имаат вода за пиење. Слична е состојбата и во Горно Оризари. Контролното мерило, колку вода се дистрибуира во населбата а колку се фактурира покажува дека  дури 39% се загубите на вода - рече Коцевски.

Најави дека е распишан тендерот за изградба на цевковод од Железен мост до Весела долина, со што поголеми количества вода ќе добијат и Дурутовец, Трпезица, Чолошево.      

АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »