речник контакт

Полицаец кој не бил на должност пијан удрил во бандера, во Кавадарци

Против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило

Петар Печков

Вчера во 2 часот по полноќ полицијата од Кавадарци го уапсила 25-годишниот В.С. од Росоман на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Имено тој со неговото возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во бандера, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица Кавадарци.

„По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ - соопшти МВР.

Информацијата дека  лицето е полициски службеник,   ја потврдиле и од СВР Велес.

„Лишеното лице В.С. е полициски службеник кој не бил на должност. И за него како и за сите други важат законските правила и прописи“ информиpаат  од СВР Велес.

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »